Во староста нема да жалиме оти малку патувавме или лошо ги воспитавме децата..

Во животот на секој човек доаѓа време кога се сумираат животните резултати. Кога се учат грешките и се подвлекува црта- доаѓа мудрост. Тоа обично се случува во третото доба. И тогаш, кога ќе размислите за својот живот, ќе дојдете до заклучок дека многу работи сте правеле погрешно и неразумно го трошевте своето време, кое никогаш нема да се врати.

Во староста нема најмногу да жалиме што малку патувавме. Ниту дека малку внимание сме посветиле на својот духовен развој. Ниту дека лошо ги воспитавме децата.

Најмногу од се’ ќе жалиме што дозволивме да не’ искористуваат. Трпевме незаслужено малтретирање. Некој трпел злоставување од пијан сопруг. А некој сурови барања од луѓето исполнувал. Не од малодушност или страв- туку само да не повреди или навреди некој.

Времето кое го потрошивме без потреба и смисла, залудни напори, бесмислени жртви и доброволно ропство.

Непотребно трпење, кој никој не умее да го цени. И затоа нема потреба премногу да се трпи. Тогаш ќе ви остане сила и време за патување, за деца, за внуци, за уметност. И сочувајте го здравјето и нема да ви остане горчина во душата. Само мора да научите да кажете Не! И готово.

Или едноставно да ги игнорирате безобзирните барања и да си се посветите на работите што ве прават среќни.

Ана Кирјанова

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: