Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие некој кој веќе не го сакаш

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие некој кој долго време не го сакаш. Твоето најмалдо дете е во другата соба, следната недела ќе наполни 18 години.

Стануваш, одиш да си го измиеш лицето и случајно ќе се погледнеш во огледало. Со ужас сфаќаш дека имаш 52 години. Поголемиот дел од животот е зад тебе. Човекот кој го сакаше на 18 години, кој толку многу го ценеше на 25 години и со кој сакаше трето дете на 32 години, не е ист човек.

Влегуваш во кујната и вариш кафе за тој човек. Тој се буди и повторно вика на цел глас зошто кошулата не е перена. Но, работата не е во кошулата, проблемот одамна не е во неа, едноставно тој повеќе не те сака тебе, а и ти него…

А сега заборави го сето тоа.

Имаш 18 години и твојата цел е да направиш се’ што е можно, за да да не се разбудиш на 52 години покрај човекот што не го сакаш, жалејќи се самата себе.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading