Кои 5 женски однесувања мажите погрешно ги тумачат?

Мажите најчесто мислат дека многу жени манипулираат со нив за да добијат она што им е потребно. Многу од нив мислат дека некои жени флертуваат со мажите, па подоцна ќе ги шутнат, а вистина е дека многу мажи погрешно разбираат некои женски однесувања.

1. Љубезност. Љубезноста со причина е на прво место, бидејќи многу мажи љубезноста ја мешаат со флерт. Тоа што жената е љубезна и пријатна кон вас не значи дека флертува со вас и дека и’ се допаѓате, можеби само сака да биде пристојна.

2. ‘Ти си мој херој’. Кога жената ќе ви каже дека сте нејзин херој или сте вистински маж, размислете пред да помислите дека и’ се допаѓате.. Можеби сте направиле нешто за неа или сте помогнале за некоја работа, а таа ве нарекува херој, сакајќи да ја покаже својата благодарност и колку ја цени вашата помош.

3. Претерана емоционалност. Некои жени знаат да бидат многу чувствителни и емоционални, но тоа не значи дека мажот им се допаѓа. Некои жени едноставно се такви, чувствителни и тие не можат против своите емоции.

4. Делење на комплименти. Многу мажи погрешно ги тумачат комплиментите кои се упатени од жена. Ако жената го пофали вашиот изглед или ви даде комплимент, тоа не значи автоматски дека им се допаѓате. Многу жени секојдневно добиваат комплименти па не мислат дека на секој маж им се допаѓаат или дека флертуваат со него.

5. Пријателство. Многумина веруваат дека мажите и жените не можат да бидат пријатели, но можат под еден услов. Мора да имаат заеднички интерес и ниту малку интерес еден за друг. Машко- женски пријателства се тешко одржливи, бидејќи еден секогаш сака повеќе. Меѓутоа, ако жената ќе каже дека ве гледа само како пријател, шансите дека нејзинотот мислење ќе се промени се мали.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: