Ако мажот не ве цени, покажете му каков е животот без вас

Ако мажот почна да се оддалечува од вас, можеби е време некои работи да ги промените. Обрнете внимание на 7 работи:

1. Покажете му дека се цените себе. Ако мислите дека сте жена која вреди и навистина верувате во тоа и другите ќе поверуваат.

2. Каснете си го јазикот кога сте лути. Никој не сака негативни луѓе кои постојано се жалат. Само мрчење, воопшто не е привлечно, тоа може да го избрка партнерот. Кога ќе престане да ве цени покажете му ја својата подобра страна, онаа која никогаш не ја засака.

3. Не зборувајте лошо за другите жени. Жената која коментира други жени, не остава впечаток дека е задоволна со себе и со својот живот. Озборување и навредување на другите жени покажува несигурност и љубомора.

4. Опуштете се. Никој не сака да биде во друштво со некој под константна тензија и стрес. Најдете ‘издувен вентил’ за да го исфрлите од себе сиот бес и фрустрација и така нема да го пренесувате на други.

5. Покажете му како изгледа животот без вас. Мажот кој почнал да станува ладен кон својата жена, најверојатно навикнал постојано да ја има и таа да биде постојано тука, па ја зема здраво за готово. Излезете со пријателките, одете на некое кратко патување- покажете му што може да изгуби.

6. Покажете дека имате богат живот. Покажете му дека имате своја работа, страст и цели во животот. На мажите нивниот професионален успех им е многу важен и ќе бидат воодушевени ако покрај себе имаат жена која исто така води сметка за тие работи.

7. Исполнете го својот живот со други активности освен да се мачите со мажите. На мажите им се допаѓа кога жената има живот исполнет со работи кои ги сака. Договорите и обврските помагаат да се чувствувате исполнето и привлечно. А тоа се три особини кои жените ги претвораат во магнет за мажите.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading