Кои се 9-те правила за среќни односи?

Да замислиме дека мажот и жената ги разделува дваесет чекори. Значи, потребно е да ги направиш своите десет чекори и да се застанеш. Ако мажот не те чека на тоа место, не прави го единаестиот чекор, бидејќи тогаш ќе мора да го направиш дванаестиот, тринаестиот – и така цел живот. Секој треба да ги направи своите десет чекори.

1. Во животот привлекуваме токму таква личност која е слична на нас. Ако не сте задоволни од своето опкружување, ѕирнете во својата душа. Ако мислите дека ве прати среќа кога се луѓето во прашање, тоа е затоа што и вие сте такви. Затоа ако сакате да привлечете квалитетна личност во својот живот, станете такви.

2. Она што даваме тоа и добиваме. Однесувајте се кон својот партнер така како што и вие сакате да се однесува кон вас.

3. На сите ни треба љубов. Љубовта значи прифаќање, искреност, нежност и грижа. Таа е подготвеност да дадеме и бидеме одговорни, да бидеме лојални, несебични и полни со благодет.. Што повеќе ги искажуваме овие особини, повеќе ќе добиеме за возврат. Особините како што се страв, љубомора, зависност, манипулација, контрола, очекувања и обвинувања, ги уништуваат односите и немаат допирни точки со љубовта.

4. Секој збор има моќ. Зборот може да исцели, а може да убие. Внимавајте на она што зборувате. Етикети, навреди и обвинувања создаваат рани во душата кои тешко зараснуваат. Зборовите имаат силно дејство, бидејќи во душата на секој човек живее дете кое се плаши дека ќе биде отфрлено. Внимавајт еда не ја потцените способноста да му нанесете болка. Користете ја силата на зборовите само да испраќате убави пораки, како што се комплименти, пофалби и поддршка.

5. Довербата е животно важен елемент. Без кој еден партнер станува сомнителен, загрижен и исполнет со страв, а другиот се чувствува дека влегол во емотивна замка и дека не му е дозволено слободно да дише. Љубоморота е потврда на стравот од осаменост, ниската самопочит и недостаток на љубов кон себе. Довербата е неопходен елемент на вистинска љубов.

6. Бидете искрени. Љубовта не е статична, туку како растение кое расте и цвета или ќе овене или ќе умре. Се’ зависи како постапуваме кон неа. Никогаш не се плашете да му кажете ‘Те љубам’, ниту дека ќе претерате кога давате пофалби, исто како сонцето за растението, внесува нов живот во вашите односи.

7. Да се сака да се подарува дел од себе без напалта и очекувања. Ако сакате да бидете сакани, потребно е да давате љубов. И што повеќе ја давате, повеќе ќе ја добиете. Вистинската љубов е безусловна, ништо не бара за возврат. Тајната формула на среќните односи кои траат цел живот е во тоа што не обрнуваме внимание на она што можеме да земеме, туку на она што можеме да дадеме.

8. Допирот е една од најсилните облици на искажување на љубовта, кој го зголемува квалитетот на односот. Да се допре некој значи да се допре неговата душа. Можеби од таа причина, кога сме лути на некој често ќе кажеме: ‘Не ме допирај!’. Потребно е што почесто да ја гушкате саканата личност без причина, без сексуален мотив, само да ја држите за рака.

9. Кога сакаме некој, мора да му дадеме слобода. Слобода да носи сопствени одлуки, да живее слободно, онака како што сака, а не како што ние сакаме. На секој му е потребен личен простор. Во меѓусебните односи луѓето мора да бидат слободни , бидејќи во спротивно чувствуваат како да се во замка.

Ако навистина некој сакаме, потребно е да ги почитуваме неговите желби и потреби. Не е секогаш лесно да го пуштиме на слобода оној кој го сакаме, но друг начин не постои. Една животна мудрост вели: ‘Што повеќе му дадеме слобода на оној другиот, тој ќе ни биде се’ поблиску’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: