Не е секогаш лесно да се разликува вљубен маж од манипулатор. Како да откриеме?

Понекогаш е тешко да се разликува искрено вљубен маж од итар манипулатор кој добро знае како е да се поигрува со женските емоции.

Често на машките манипулатори не им е потребна жената, ниту врската во која ќе вложи чувства и многу труд. Потребна им е површна врска од која ќе добијат само она што им треба и кога ќе им досади, лесно ќе се спакува и ќе замине.

Како тогаш да знаеме дали мажот е искрен во своите намери или само сака да ве искористи?

1. Најважен показател за неговите чувства е фактот дека ве прифати со сите ваши мани. Не создава идеална слика за вас и не ги потиснува сите ваши недостатоци туку ги забележува и прифаќа. Таквиот маж разбира дека и тој е несовршен и секој, покрај своите доблести има и мани.

2. Кога мажот искрено се радува на вашиот успех како на својот, а тоа значи искрено да се грижи за вас и сака вашиот живот да биде поквалитетен, среќен и пријатен. Бидете внимателни ако мажот од вас бара да се откажете од работата која ја сакате и вашето хоби, бидејќи така можете да останете без финансиска сигурност и да почнете да зависите од мажот.

3. Кога мажот ве пушта во својот свет, во својата професионална сфера, тоа значи дека вашето мислење му е важно.

4. Ако мажот го почитува и не го ограничува вашиот личен простор значи дека ви верува и ги почитува вашите граници. Ја почитува вашата независност и сака да се чувствувате пријатно во негова близина.

5. Кога мажот отворено зборува за своите слабости и ви покажува најголем степен на доверба и ве смета за важна личност во својот живот. Ако мажот не го зема во предвид вашето мислење, често ве критикува, укажува само на вашите грешки, ако ве осудува, контролира, ве прави да се чувствувате виновни, значи дека ве користи за да ја пополни својата внатрешна празнина.

Таквиот маж не се грижи за вашите чувства, тој мисли само на себе. Ако во врска се чувствувате непотполно и неважно, не дава приоритет на своите постапки, туку зборува спротивно, најверојатно ве лаже и ве користи. Често постои само едно решение кога ќе се најдете во таква врска. Да излезете од неа и повеќе никогаш да не се свртите, ниту да се враќате на старо.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: