Повеќе не ме боли, сега сум само рамнодушна

Искрено на никој не му ја посакувам оваа мисла. Бидејќи сум исклучително лоша во одржување на површни односи, оние интензивните ги познавам многу добро. А, се знае дека во интензивните односи, драмата е неизбежна. Драстични скокови од блиска фатална поврзаност до далечна рамнодушност. Од запален оган до смрзната тврдина. Од срце запалено- до мртво тело. Што не е рамнодушност и кој е патот до неа?

Рамнодушноста не е доказ дека не ти е грижа повеќе. ‘Сеедно ми е’ најчесто не е пат кон личен мир и доказ дека нешто преболи во потполност. Преболено е кога те обзема благодарност без замерки за се’ и секој за кој ти е важно. Повеќе не ти е важно ако вистински пушташ се’ што било, а повеќе не е. Тивките и пасивни замерки, рамнодушноста знае да ги задржи. Со непростување.

Се зборува дека од омраза до љубов не е далечен патот. Велат дека некои луѓе, како најлоша казна не заслужуваат омраза туку рамнодушност. Па ја користат таа тупост како тивка освета посветена на се’ и сите што не можат да ги прежалат или променат. Меѓутоа, да се казнува другиот во состојба во која скапуваш, не ти е некој подвиг.

Некои дури и ќе ја гушнат состојбата на рамнодушност како долго посакуван мир. Но, постои фина разлика помеѓу илузијата на мир и обична досада. Вистинскиот спокој и последично мртвило. Како да се препознае разликата?

Може да се има мир, а да се пука од страст и доживувања, тука е блиска рамнодушност. Кога се посилно пригушени замерките, подалеку е простувањето и поблиску рамнодушноста.

Рамнодушноста не е живот ниту во трагови. Рамнодушноста е игнорирање на животот. Рамнодушност е можеби и неможност или долго одложување на потребното простување. Нема помрднување. Нема промени. Секоја негативна емоција е во состојба да се трансформира. Да се обликува.

А, рамнодушноста те става на пауза. На непостоење. На не битисување. Не ти дава ништо, а ти ги одзема приликите. Прилики за ново учење, осознавање и почетоци. Рамнодушноста нема врска ниту со силата, ниту со отпорот. Дури и во отпорот има повеќе емоции.

Затоа нека те боли. Дозволиси болка. И бегај од рамнодушноста и рамнодушните луѓе.

Ана

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: