Пуштете Бог да се погрижи за вас

Ова е ваш потсетник понекогаш да се опуштите и да пуштите Бог да ги води вашите битки.

Кога ќе почувствувате дека не можете повеќе понатаму, потпрете се на него во тешките времиња. Никогаш нема да ве доведе до ситуација која не можете да ја поднесете.

Можеби сега тоа не го разбирате, но верувајте му на Бог дека има план за вас. План кој ќе ве одеведе на места за кои никогаш не мислевте дека се можни. Кога ви се чини дека некои молитви несе ислушани, сетете се дека тој на мистериозен начин работи и дека ќе ви престави она што треба кога ќе дојде вистински момент.

Ова е ваш потсетник да се препуштите и да му дозволите на Бог да го излечи вашето скршено срце.

Вашето срце за него е свети дар. Тоа никогаш не го заборавајте. Тој ве учи дека вашето скршено срце е дефиниција за личност исполнета со храброст и издржливост. Изборот да сакате некој потполно и со сето срце е најзначаен чин на еден човек. Божјата љубов кон вас е толку силна што мораше да ви одземе толку луѓе и работи кои повеќе не ви служат, за да направи место за вистинските луѓе да влезат во вашиот живот.

Бог знае кога нешто не е во склад со вашата смисла. Кога една врата ќе се затвори, тој веќе прави пат за отворање на нова врата. Тој знае дека вашите избори доаѓаат на вистинското место, но понекогаш не бираме секогаш она што добро ни служи. Често сами себеси се саботираме, мислејќи дека не заслужуваме прекрасни работи, што не е вистина. Бог сака да бидете самосвесни и отворени за промени и да верувате дека тој секогаш ќе го исполни вашиот живот со сета среќа за која посакувате. Ово е ваш потсетник да се препуштите и да дозволите на Бог да биде ваш спасител.

Болката и збунетоста имаат задача да ве измамат и заглават. Постојат работи на овој свет кои се недостижни и кои тешко можете да ги сфатите, но сигурно Бог нема да дозволи незаштитено да минувате на ова патување. Кога се чувствувате изгубено и не знаете на која страна да се свртите, тој секогаш ќе биде тука да ви укаже каде треба да одите.

Зпомнете дека животот е привремен, но милоста на Божјата љубов е вечна.

Leave a Reply

Up ↑

%d