Зошто мажот е сит од својата жена?

Модерните бракови се такви што мажите многу често ќе се уморат од своето семејство. Многу жени исто така се жалат на својот брачен живот дека повеќе не носи иста радост и чувства. Се јавува умор, раздразнетост и чувство на безнадежност. Во лошиот брак еден сопружник не сака да излезе од дома, другиот не сака да се врати.

Неблагодарност. Чувството дека вложувате повеќе отколку што давате. Оној, чии влог во семејството е голем, а добивката минимална, порано или подоцна ќе се чувствува многу уморно и ќе изгуби волја да носи било што во таа заедница. Неблагодарноста е многу лоша, не само во бракот туку и во животот.

Оддалечување. Кога ќе дозволите да се оддалечите еден од друг, речиси нема враќање назад. Важно е да се одржува нежност после работа или искра страст пред спиење. Многу е лесно од сопружници да преминете во фаза на пријатели која ништо добро не носи.

Запуштеност. Многу луѓе не сфаќаат колку е ова важно. Да, многу е лесно да станете мрзливи кога ќе сфатите дека вашиот сопруг ве сака такви какви што сте. Но, тоа не е причина да не работите повеќе на себе. И тоа не само поради него, туку и за себе. На никој не му се привлечни луѓето кои не водат сметка за себе. Некои работи можат да се лажираат, но некои никогаш.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: