Колку е жената среќна- покажува колку е добар мажот

Човекот не се раѓа мудар туку таа мудрост ја стекнува со годините. Сепак некои мажи можат да бидат многу млади, а во себе да имаат мудрост кои другите ги немаат и тие во голема мера се разликуваат од другите мажи.

Мудриот маж знае дека емотивен маж не значи да се биде слаб и покажувањето љубов и помагањето на жената не значи дека е папучар. Мудрите мажи се придржуваат на 15 правила:

1. Жените и децата можат да бидат немарни, но вистинскиот маж тоа себеси никогаш не смее да си го дозволи.

2. Вистинскиот маж покажува сочувство и знае колку е тоа важно за неговата врска и брак.

3. Вистинскиот маж е во состојба да се грижи за себе, но и за оние кои се слаби и немоќни.

4. Мудриот маж треба финансиски да биде обезбеден за да може себеси да си овозможи мирен и лагоден живот.

5. Ако земете кредит мора 100% да бидете сигурни дека ќе можете да го отплатите или никогаш не треба да го земате. Мудрите мажи тоа го знаат.

6. Колку е жената среќна- покажува колку е силен мажот. Вистинскиот маж ќе направи се’ за својата поубава половина да ја види среќна.

7. Ако децата не го почитуваат таткото, не се виновни децата, туку таткото. Таткото е тој кој треба да ги научи децата со својот пример како треба да се однесуваат кон родителите. Ако немаат добар пример, децата немаат од кого да научат.

8. Мудриот маж ги критикува другите само тогаш кога знае што точно треба да направите.

9. Ако мажот е водач, тој тогаш е одговорен за сите оние кои му се подредени.

10. Мудриот маж ќе се опушти само тогаш кога знае дека неговата работа нема да трпи поради тоа.

11. Мудриот маж никогаш нема да им дели совети на другите, но исто така не сака да слушне непосакувани совети од други. Нему не му е потребен никој да му зборува што да прави, тој тоа го знае.

12. Мудар маж знае дека почитувањето може да се стекне со страв, но исто така знае дека е подобро кога ќе се заслужи со внатрешна сила и работа.

13. Мудар маж има способност во решавање на проблемите и тоа е највредна вештина која мажот треба да ја поседува.

14. Мудар маж размислува за иднината и се труди да ја направи подобра.

15. Мудар маж знае дека нема смисла да ужива во животот ако неговата жена плаче.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: