Многу жени сакаат да се фалат со тоа што се слободни и независни, а потајно се разочарани во таквиот свој живот. Многу од тие слободни и независни жени сакаат да имаат мажи кои ќе бидат покрај нив и кои ќе им понудат помош кога им е потребна. Многу од тие жени се многу несигурни и се сомневаат во себе. Некои од нив мислат дека е доволно да се биде независна и слободна жена, а многу од нив забораваат дека жената треба да биде самоуверена и сигурна во себе бидејќи таквата жена ја знае својата вредност и секогаш јасно знае што сака од мажот и од врската.
Самоуверената и сигурната жена нема да се менува поради било кој, посебно не поради мажот кој нема што да понуди. Таа не се плаши да остане сама. За неа врска не е единствена цел во животот бидејќи е свесна дека постојат многу други работи кои се многу важни.
Жената која има самодоверба бара квалитетна врска во која ќе добие она што е потребно и нема да се согласи на помалку. За да стане жената сигурна во себе потребно е многу труд и работа на себе. Тоа е тежок пат, но не е недостижен.
Затоа самоуверените жени бараат исти такви мажи како што се и тие самите. Некој кој ќе ги разбере и поддржи. Тие се свесни дека градењето однос со несигурна личност која не знае што сака не е добро и дека од таа врска нема да добијат она што сакаат и што им треба.
Затоа ако сакате да станете самоуверена жена која знае што сака од животот, мора да бидете подготвени на долг и напорен пат. Пред се’ мора во себе да пронајдете жена која знае колку вреди. Бидете подготвени на тоа дека со многу мажи нема да им се допадне она што сакате да станете.
Запомнете дека има многу слаби и мизерни мажи кои не можат да прифатат дека жената е самоуверена и сигурна во себе повеќе отколку силните и сигурни мажи. Секогаш трудете се да сакате повеќе од другите, да работите повеќе од другите и да живеете подобро од другите.
Запомнете дека ништо не можете да изгубите ако сакате да станете подобри, но можете да изгубите многу ако не работите на себе доволно.
Leave a Reply