Денот кога таа ќе се откаже од тебе и ќе ги повлече сите свои чувства

Чувај се од денот кога жената на која си и’ важен ќе се откаже од тебе, бидејќи тоа значи дека ги достигна своите граници. Тоа значи дека предолго се држеше за она што чувствува и се обидуваше да те гушка.

Тоа значи дека ги испроба сите трикови и дека конечно сфати дека секогаш ќе бидеш таков каков што си и дека никогаш нема да се промениш. Тоа значи дека конечно те напушта и се освојува себеси.

Чувај се од денот кога таа ќе се одбере себе, бидејќи тоа значи дека нема да верува на уште една лага. Тоа значи дека нема да се извлечеш од уште една грешка. Нема да се потруди да те усреќи. Чувај се од денот кога ќе одлучи да се однесува кон тебе на ист начин на кој ти се однесуваше кон неа, бидејќи означува почеток на крајот.

Чувај се од денот кога ќе ја повлече сета своја љубов која ја чувствува кон тебе, бидејќи тоа едноставно значи – не се плаши дека ќе те изгуби. Таа не се плаши да те пушти. Бидејќи се’ што направи беше обид да те задржи. Бидејќи знаеше дека ако стигне тој момент, нема враќање. Знаеше дека ако почне да гледа во знаците за узбуна кои некогаш ги игнорираше, нема повеќе да можи да те види. Знаеше, ако дополнително ја испита вашата врска, ќе пронајде повеќе празнина отколку длабочина, повеќе лага од искреност и она од што најмногу се плашиш; таа на крајот ќе сфати дека твојата љубов е лажна.

Чувај се од денот кога ќе дозне дека вашата љубов беше лажна, бидејќи тоа ќе биде ден кога засекогаш ќе ја изгубиш. Тоа ќе биде ден кога секој обид повторно да ја освоиш ќе пропадне. Тоа ќе биде ден кога сите борби на светот нема да ја вратат. Тоа ќе биде ден кога ќе сфатиш дека таа нема ниту една шанса да ти даде. Тоа ќе биде ден кога сигурно ќе знаеш дека во нејзиното срце исчезна простување, љубов, доверба и трпение.

Тоа ќе биде ден на кој еднаш те предупреди, а ти така лесно сфати и ќе биде ден кој ќе те прогонува секој пат кога ќе се сетиш на сите ноќи во кои ја изневери, сите денови кога не се однесуваше како треба кон неа и кога нејзината љубов ја земаше здраво за готово, бидејќи беше сигурен дека никогаш нема да замине.

Чувај се од денот кога таа ќе замине, бидејќи тоа ќе биде ден кој најмалку го очекуваш. Тоа ќе се случи така бргу, што ќе немате прилика да се збогувате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: