Мажот кој го нема ноќе, не ви треба ниту дење

Модерните стандарди во голема мера ја променија дефиницијата за љубов, верност и брачни односи.

Не е модерното време расипано колку што се расипарни модерните луѓе. Денес најголем изговор на луѓето е ‘модерното време’. Па затоа некои погрешни однесувања се правдаат со модерно време, грешки кои не треба да се толерираат како оправдани лоши особини.

Денес е сосем нормално луѓето да влезат во брак и да живеат како тинејџери. Жената е со своето друштво и нормално е да флертува. Мажите излегуваат по кафеани, клубови и отворено им приоѓаат на жените и ги заведуваат.

Тоа не е модерно доба, туку модерен идиотизам. Денес на луѓето им е сосем нормално да стапат во брак и да живеат на две различни страни на светот. Така бракот не функционира, ниту семејството. Иако многу луѓе сакаат да веруваат дека неверството е нешто на што сите го правиме во модерното време, сепак мора да сфатиме дека сите така не размислуваат.

Секогаш ќе бидат луѓе кои ги почитуваат своите партнери и кои се верни. Не смееме да дозволиме да се нормализираат работите кои никогаш не биле нормални, ниту ќе бидат некогаш. Луѓето кои не можат да се обврзат на верност не треба да влегуваат во брак.

Ниту една жена не сака маж кој ќе биде отсутен од дома, туку присутен. Мажот кој го нема ноќе, не ви треба ниту дење. Љубовта никогаш не е половична, ниту црно-бела. Љубовта е се’ или ништо, даваш или не даваш, верен си или не.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: