Полна Месечина во Рак 18.01- на кои 4 знаци од зодијакот најповеќе ќе влијае?

Полн Месец во оваа година ќе се појави на небото на 18 јануари во знак на Рак, а познат е како Месец на волците.

Овој полн Месец ќе не’ поттикне да се соединиме и да ги процениме своите чувства што за некои знаци од Зодијакот нема да биде лесно. Овој полн Месец симболизира време на ослободување и манифестација. За некои знаци ќе биде период со многу предизвици, бидејќи е премногу чувствителен период.

Овен

Полната Месечина е во вашата куќа на семејството и домот па во овој период можно е да се чувствувате по малку носталгично. Обидете се да не размислувате премногу за некои работи од своето минато. Бидете внимателни кон себе и ослободете се од се’ што ве кочи да одите напред. Направете место во својот живот за некои подобри и повозбудливи работи.

Рак

Овој полн Месец ќе ве поттикне да се посветите себеси а не како секогаш што им се посветувате на другите и им помагате. Сега е време да се свртите кон себе, своите мисли и чувства. Ставете ги своите потреби на прво место, држете се до своите ставови и своите уверувања.

Лав

Луѓето родени во знакот на Лав сакаат многу да се забавуваат, но овој пат полната Месечина од вас ќе бара малку да бидете сериозни и да размислите за своите чувства. Вие сте нежна душа, а во овој период уште повеќе ќе светите.

Стрелец

Оваа полна Месечина ќе се одвива во вашата трета куќа на трансформација, па ова ќе биде одличен период за прилагодување на новонастанатите ситуации кои ќе се најдат пред вас. Одвоете малку време и размислете за работите кои ви се важни. Не избегнувајте промени туку прифатете ги. Некои можат да бидат многу добри за вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: