Мажите се родени со неодолива желба да започнат романтична врска иако тоа не изгледа така.
Колку што им е потребна љубов на жените толку им е потребна и нив. Сакаат да постигнуваат цели, сакаат да ловат, да освојуваат…Ако мажот кој ви се допаѓа не ви покажува знаци на внимание, тогаш не го интересирате. Тоа е важно да знаете во случај да размислувате дали мажите ги прикриваат своите чувства кога жената им се допаѓа.
Обично тоа не можат да го скријат, но се трудат кога е во прашање забранета љубов. Мажот кога ќе почне да се удвара, тој ќе изговори разни глупости па дури и лаги за да ја освои. Задоволен маж може да биде навистина шармантен, има магична насмевка од која можеш да се растопиш.
Затоа жените паѓаат на погрешни многу лесно. Не биди една од тие жени кои им дозволуваат на мажите да манипулираат со нивните мисли, чувства и тело. Треба да зрачите со самодовреба, а не да ги чекате мажите кои ве гледаат само како плен.
Вистинскиот маж постојано ќе се бори за ваше внимание. Тој ќе ве мотивира да станете своја најдобра верзија и ќе ве сака со сите ваши мани. Нема да кажете дека ве прифаќа такви какви што сте, а потоа да се сврти против вас во текот на расправијата, како што тоа го прават незрели мажи.
Вистинските мажи ја почитуваат својата жена и ја мотивираат да ги оствари своите цели, бидејќи сакаат да ја видат нејзината среќа. Вистинскиот маж нема да се игра со вашите чувства и нема биде со вас само кога него му одговара. Сите имаме многу работа, но ако навистина сте му важни, тогаш ќе најде време за вас.
Треба да бидете со грижливи мажи кои ве тераат да се преиспитувате себе и да не се носите себеси во заблуда. Заслужувате чиста љубов. Заслужувате да бидете сигурни дека сте повеќе од забава и повремена потреба. Заслужувате вистински маж. Дозволете си го тоа.
Leave a Reply