Кога жената сфаќа дека се омажи за погрешен маж?

Можеби сега мислите дека имате прекрасен партнер покрај себе, но за десет години можете да размислувате сосем поинаку.

Љубовта која ја осознаваме на почеток на врската не е ниту приближна од онаа љубов после 5, 10 и повеќе години. Жената која бргу ќе се омажи има поголеми шанси да се покае поради таа одлука, но дури и жената која доцна ќе се омажи може да помине низ истото бидејќи луѓето се менуваат и не можете да знаете кој каков ќе стане.

Фактот дека луѓето во врска се трудат еден околу друг, но кога ќе стапат во брак – се запуштаат и престануваат да се борат. Во таа фаза на запуштање почнува да се искажува 100% искреното лице на секој човек. Рамнодушноста ги тера да го покажат она најлошото од себе и ги спречува да го освојат својот партнер.

За жал, на почетокот на врската не можеме да знаеме дали ќе донесеме вистинска одлука. На нас е да одлучиме она што мислиме дека е најдобро и да му дозволиме на времето да ни покаже дали добро одлучивме. Кои се моментите кога жената ќе сфати дека се омажи за погрешниот:

1. Кога ќе сфати дека нејзиниот маж не ги поддржува нејзините соништа и се фокусира само на своите.

2. Кога мажот се исмејува на нејзините идни планови, желби или цели.

3. Кога мажот ја исмејува или ја намалува нејзината вредност или интелигенција.

4. Кога ќе сфати дека не се интимно компатибилни.

5. Кога нејзиниот маж не сака да се труди околу неа и ја занемарува.

Секоја од овие 5 ставки е голема навреда за жената.

На жената и’ е потребен маж кој нема да направи ништо од наведеното, туку ќе прави се’ спротивно. Ако сте искусиле било што од ова наведеното, знајте дека тоа не е непоправливо ако мажот сака за тоа да зборува и да поработи на работите за кои ве навредил. Ако не- тогаш е тоа готова приказна.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading