Предности и мани на врските на далечина: партнерите повеќе го вреднуваат својот однос

Љубовта не е иста за сите луѓе. Но, секоја љубов се одликува со внимание, нежност, спонтаност. Овие емоции се посебно изразени кај паровите кои се присилени да бидат во врска на далечина. Односите на далечина можат да се поделат на две групи:

1. Љубов која трае со години, но партнерот мора да замине, на пример поради работа.

2. Виртуелна љубов, односно љубов која се случува прку социјалните мрежи.

Првата врста е многу често безопасна, ако меѓу партнерите постои доверба. Меѓутоа, ако довербата со тек на време попушти, може да доведе до голема љубомора. Што се однесува до виртуелната љубов, за да успее потребно е да биде без лага и бара одредени постапки. Врските на далечина имаат свои предности:

1. Раздвоеноста, ако е кратка, може да биде добра за односот на двајца луѓе. За да се посакате еден со друг.

2. Додека е партнерот отсутен, можете да работите на себе и да ги подобрите своите квалитети.

3. Партнерите кои се раздвоени, повеќе се вреднуваат еден со друг, ги ценат заедничките моменти кога ги имаат.

Покрај предноста, постојат и некои недостатоци кај овие врски:

1. Партнерот се навикнува да биде сам. На почеток комуникацијата е одлична, а подоцна таа почнува да бледи.

2. Недостаток на задоволство. Кога човекот ќе се навикне да биде покрај партнерот секоја ноќ, тешко му е да прифати дека одеднаш нема никој покрај себе.

3. Завидливост. Ако станува збор за партнер кој мора да замине, оној кој останува му завидува, бидејќи смета дека тој ќе ужива во новото опкружување. За да ја одржите врската на далечина, разговарајте секој ден. Многу е битна редовната комуникација. Исто така, добро е да се знае колку вашиот партнер ќе биде отсутен.

На тој начин можете полесно да ја прифатите разделбата. Ако партнерот биде долго отсутен, можете да го посетите, за полесно ја издржите осаменоста. Најважно е да се верува на партнерот, тогаш километрите не ви можат ништо.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: