Напуштањето е неизоставен дел од сечиј живот. Колку и да е убав, згоден или совршен, некој ќе замине од вас. Напуштањето е секогаш знак дека недостасува љубов. Напуштањето се случува на повисоко ниво на свесност, кога човекот сака, а длабоко во себе чувствува дека треба да си оди. Некогаш желбата за напуштање се меша со привремено чувство на незадоволство, па човекот си оди дури и кога не треба.
Како да знаете дека е во прашање минливо незадоволство или јасен сигнал дека човек треба да замине
1. Ако чувствувате дека сакате да го поминете цел живот со една личност и со никој друг, вашето место е покрај неа. Да, ќе се случуваат расправии и кавги во вашата врска.. Но, тоа не е знак дека во вашиот однос со таа личност нешто не чини. Луѓето ја имаат таа лоша навика да креваат раце од оној со кој малку ќе се потскараат, живеат во заблуда дека односот со судбинката личност треба да биде совршена. Меѓутоа тоа не е вистина. Секој кој ќе замине поради оваа причина, подоцна ќе се покае.
2. Нешто ви зборува дека тоа не е тоа. Ако ова чувство потрае подолго време и ако трае дури и во убавите моменти со некоја личност- време е подобро да го преиспитате тој однос и да размислите за заминување. Ако вакво чувство имате само во лошите ситуации, останете додека не утврдите што ви порачува.
3. Ако личноста е добра кон вас, не ја исфрлајте од својот живот бидејќи не ги исполнува вашите преголеми очекувања. Мора да бидете свесни дали е проблем она што вие очекувате или во она што таа личност може да понуди.
4. Ако неодамна развивте чувства кон некој друг, останете додека не разјасните што ви е поважно. Некои љубови изгледаат судбински на почеток, додека времето подоцна не покаже дека се вистинско промашување. Секоја љубов добро извагајте ја пред да се одлучите на некој поголем чекор.
5. Ако страста се повлекува но и понатаму ја обожавате таа личност. Страста е важен дел од врската, но поважно е сложување, почитување и љубов. Ако го имате ова се’ од наведеното, потрудете се да најдете начин да ја оживеете. Бидејќи во таква врска има и многу отколку што ви е доволно, потребно е уште да научите да ја најдете искрата меѓу вас.
Leave a Reply