Љубовницата е интересна додека не останете без жената

Како оженет човек, ми се гади кога ќе ги видам овие празноглави мажи кои ги изневеруваат своите жени. Чувствувам должност да ви кажам една важна работа. Целата убавина на неверството е во тоа криење. Тоа е она што ви дава адреналин и што ве тера да го направите.

Не го правите тоа од љубов, бидејќи ако е љубов ќе ја оставите вашата жена со која веќе сте и ќе започнете чист однос со некоја друга жена која сте ја засакале. Горчлива е вистината дека љубовницата ќе ви биде интересна се додека се криете и се сладие со тоа ‘забрането овошје’.

Малку полоша страна на реалноста настапува кога ќе сфатите дека таа друга личност ниту малку не ве привлекува во случај ако вашата сопруга ве открие и ве напушти. Многу мажи ќе ја обвинат својата сопруга или партнерка како виновник за нивното неверство во врска или брак.

Затоа, божем се приморани да пронајдат некој кој ќе ги исполнува. И тоа е нешто што тешко се менува, бидејќи човекот тешко го признава проблемот во себе. Можете вие да се состанувате со сто жени покрај својата, но ниту една од нив нема повеќе да ве интересира ако сопругата ве остави.

Да е така, вие одамна ќе ја оставите жената и ќе живеете со љубовницата. Но, вие тоа не го сакате бидејќи ја сакате својата жена која ве чека дома додека вие своите комплекси ги смирувате на друго место.

Не постои тој адреналин, таа страст и емоција кои се вредни за да ја изневерувате својата жена. Не постои таа причина зошто на таа жена која ве сака да и’ го свртите грбот. Време е да пораснете и да излезете од таа игра- тоа не му приличи на зрел и паметен маж.

Петар

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading