5 причини за кои вреди да се борите за некој и 5 за кои не вреди

Во многу односи често се прашуваме дали треба да се бориме или едноставно да го напуштиме тој однос. Во пријателство или во љубов се среќаваме со ист проблем. По некои психолошки сфаќања овие се 5 причини за кои треба да се борите за некој?

1. Борете се за личноста која покажува интерес да го реши проблемот со вас. Оној кој искрено ве сака секогаш ќе најде начин да го реши секој проблем или недоразбирање со вас.

Не се борете за некој кој заминува кога проблем постои. Ако таа личност нема желба да го расчисти судирот кој се случи помеѓу вас, без оглед кој е виновен- тоа покажува дека на таа личност баш му е гајле.

2. Борете се за личност која покажува дека ве сака и кога сте во најлошото издание. По тоа се познава колку ве сака.

Не се борете за некој кој ве омаловажува кога не сте во своето најдобро издание. Ако личноста почнува да зборува ‘Дотерај се малку, види на што личиш’ тоа се директни навреди и не треба да ги трпите од никој

3. Борете се за личноста која искрено ве слуша. Тоа не може да се одглуми. Личноста која знае да ве слуша е заинтересирана за вас, вашиот живот и вашите проблеми.

Не се борете за личноста која смета дека зборувате глупости кога зборувате за нешто за вас важно. Тоа е многу лоша работа и таков човек не ви треба.

4. Борете се за личност која е секогаш покрај вас кога ви е тешко. По тоа се препознаваат вистинските пријатели и добрите луѓе.

Не се борете за личност која сака да биде со вас само кога е забава во прашање. А кога ќе дојдат тешки и мрачни времиња едноставно испарува. Таквите луѓе на никој не му требаат во животот

5. Борете се за личност која ве познава и сака да ве запознае се’ повеќе и повеќе. Тоа е личност која ги помни вашите важни датуми, омилени работи кои ги сакате. Тоа е некој кој секогаш ќе го интересира она што имате да кажете и посакате.

Не се борете за личност која игра на картата на ‘заборавност’. Некои луѓе, забораваат се’ што е важно поврзано со вас. Забораваат родендени, убави поводи…неколку пати повторени. Таквите луѓе не ви требаат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: