Година на Тигарот според кинескиот хороскоп- одлична за нови врски, бракови и проширување на семејството

Оваа година ќе биде преполна со нови случувања, но и некои повторувања од минатото. Астролозите не’ советуваат добро да се подготвиме за промените кои следат. Во кинеската митологија постојат 12 животни од кои секоја претставува една година. Оваа година е на тигарот.

Она што е најважно да се знае е дека кинезите многу ја почитуваат годината на тигарот, кој се наоѓа на второ место на омилени животни. Првото место му припаѓа на змајот.

Кинеската нова година доаѓа на 1-ви февруари. Тогаш на сила стапува водениот или црн тигар. Годината на тигарот доаѓа на секои 12 години, а со оглед дека е многу перспективна важно е да ја искористиме на вистински начин. Како што е тигарот храбар, брз и снаодлив, таква ќе ви биде и следната година. Не’ очекуваат најразлични промени во нашиот живот.

Можете да очекувате големи налети на мотивација и инспирација за да станете подобри. Ова е сјајна година да направите промени во својот живот, па дури и оние поголемите. На пример, ако планиравте да ја промените работата, да се преселите или да направите некој друг поголем чекор – тигарот ќе ве поддржи во тоа.

Според конеските верувања годината на тигарот е прекрасна за проширување на семејството. Исто и за венчавки. Во 2022 година очекувјте да бидете похрабри и одлучни.

Идеална година да изградите односи со луѓето со кои не сте во контакт и да поработите на семејните односи. Во 2022 година најповеќе среќа можат да имаат токму оние луѓе кои се родени во годината на тигарот, бидејќи тој е нивниот заштитник.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: