Драги Боже, не дозволувај да се врзувам за она што не ми е судено

Драги Боже, не ми дозволувај да се врзувам за она што не ми е наменето. Не дозволувај да се врзувам за нешто или некој кој планираш да ми го одземеш.

Знам дека твојот план е непознат, но додека не ми го откриеш, те молам олесни ми. Не ми давај да го задржувам она што треба да го пуштам. Немој да се борам за она од кое треба да се ослободам. Не ми дозволувај да посакам она што на крајот ќе ме уништи. Не ми давај да сакам она што ќе ми го скрши срцето.

Не дозволувај мојот ум да посакува работи кои не можам да ги поднесам, да ме убеди да посакам работи кои не ми се потребни или работи кои не се добри за мене. Те молам не дозволувај моето срце да им недостасува на луѓето кои мене не ми недостасуваат. Не го давај моето срце на оние кои си заминаа. Не го давај моето срце да засака некој кој не сака да остане.

Дозволи ми да заборавам на работи кои никогаш не ми беа наменети, дај ми сила да верувам дека ми е подобро без нив. Дај ми мудрост да сфатам дека заслужувам многу подобро и дека ќе бидам посреќна некаде на друго место со некој друг или дај ми трепние да се помирам со тоа дека моментално не добивам работи кои ги сакам и ги чекам твоите благослови и дарови.

Но, за сега, те молам, не дозволувај да се врзувам за она што не е добро за мене. Не ми дозволувај толку да вложувам во работи или луѓе кои ќе мора да ги изгубам. Не ми дозволувај да посакам она што не е мое. Не ми дозволувај да градам иднина околу она што е привремено.

Leave a Reply

Up ↑

%d