Несигурен маж е поголем проблем за жената отколку за себе

Мажите често не насетуваат дека некои работи (најмногу нивното однесување) ги откриваат дека се несигурни и слаби.

Слаб и несигурен маж е повеќе проблематичен за жената отколку за себе. Жените се добри психолози и можат да ја забележат слабоста на посилниот пол. Како жените ги дефинираат слабите мажи?

1. Мажот е многу љубоморен. Ова е најочигледен знак на несигурност. Ако се’ му смета и се’ сака да контролира – тој маж има голема несигурност.

2. Мажот е премногу нападен. Човекот кој гуши со своето внимание обично е многу искомплексиран и несигурен. Очигледно се сомнева во себе и се обидува на погрешни начини да ја освои жената

3. Мажот се жали на сите свои бивши. Во таков човек веднаш се гледа комплекс на жртва.

4. Воопшто не е активен. Сите знаеме дека активноста како и хигиената е половина здравје. Мажот кој нема намера да биде физички активен буквално порачува дека нема намера да се грижи за себе.

5. Човекот нема хоби. Мажот кој нема хоби и не излегува со пријателите е обично оној тип кој премногу ќе се меша во животот на својата партнерка.

6. Нема добри пријатели. Нормален човек секогаш има некој пријател, познаник и личност која го цени. Но, ако нема ништо од тоа, тогаш веројатно е многу чуден тип.

7. Бргу изјавува љубов. Кога мажот бргу ќе ги признае своите чувства или дури сака веднаш да се ожени – тоа може да покаже дека е несигурен во себе и поради тоа брза во брак.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: