Постојат луѓе кои едноставно немаат среќа да пронајдат вистинска личност а постојат и оние кои премногу очекуваат од другите па губат и прекрасни прилики поради тоа. Луѓето кои немаат среќа во љубовта често се прашуваат дали грешката е во нив или во нивните бивши партнери? Еве одговор на тоа прашање:
1. Од партнерот очекувате да ви даде она што ниту сами себеси не можете да си дадете. На пример, сакате вашиот партнер да има добар физички изглед. Но, од друга страна вие сте личност која не се движи многу и која нема никаква физичка активност. Барајте партнер врз основа на она како вие изгледате и што вие можете да дадете.
2. Сакате партнер кој превзема иницијатива а сепак сакате сета контрола да биде во вашите раце. Не оди тоа така. Што се однесува до превземање на иницијатива и контрола во вашата врска постојат две опции или да најдете златна средина и баланс или еден од вас да биде доминантен партнер.
3. Сакате личност која е тешко да се добие. Слично на првиот дел, барате некој надвор од својата лига. Можеби имате погрешна слика за себе или едноставно сакате некој кој гордо ќе го покажувате пред другите луѓе. Се додека така размислувате тешко дека ќе пронајдете она што сте замислиле.
4. Ја бришете личноста врз основа на првиот впечаток. Ова за жал е честа појава. Запознавате личност и на прв поглед чувствувате дека не ви се допаѓа, па ги исклучувате сите следни обиди да се запознаете.
5. Имате јасно дефинирана листа. Љубовта не може да се прави со план и програма. Срцето бира во кој ќе се вљуби, а не мозокот.
6. Се лутите кога партнерот не се однесува како што сакате вие. Ова е често особина на луѓето кои имаат проблем со контролата. Колку и на партнерот да му објаснувате како сакате да се однесува тој нема да може секогаш се’ да прави по ваши правила.
7. Вашите очекувања не се менуваат со тек на годините. Дури и после неуспесите во неколку предходни врски, сеуште не сфаќате поради што врските не ви функционираа.
Leave a Reply