Романтичната врска помеѓу двајца вљубени може да биде многу јака и полна со блискост, но тоа не значи дека на својот партнер треба да му бидете родител.
Запомнете дека не е ваша обврска ниту должност да го одгледувате и да имате попаметна работа во животот, отколку да учите возрасен човек како да биде возрасен и зрел. Меѓутоа, ако сте во врска со ‘мало дете’, можете да изградите среќна врска ако се придржувате на следново:
1. Истражете го неговото детство. Разбирањето на детството на својот партнер може да ви помогне малку повеќе со сочувство да се однесувте кон него и неговите незрели околности.
2. Разговарајте со него како со возрасна личност. Начин на кој разговарате со својот партнер може да биде подеднакво важен како и она што му зборувате на својот партнер. Лесно можете да влезете во замка на разговорот со таков партнер и тоа може дополнително да го засили неговото незрело однесување. Избегнувајте да критизирате, да го карате или саркастично да разговарате со него, посебно во текот на расправијата.
3. Почитувајте ги неговите потреби. Секој од нас има одредени потреби во врската, а вашиот партнер можно е да не знае како да ги побара. Тоа може да доведе до незрело однесување со кое сакаат да привлечат ваше внимание.
4. Бидете му добар пример. Ако сакате полесно да се носите со својот партнер, мора да му дадете добар пример на зрела и возрасна личност.
5. Дозволете му да згреши. Дали понекогаш се обидувате да го заштитите својот партнер од повреда или грешка? Можеби се однесува како дете и носи сомнителни одлуки, но тоа понекогаш е во ред. Вашата одговорност не е секогаш да го спасувате. Дозволете му да погреши и да научи нешто од своите грешки.
6. Поставете јасни граници. Секоја врска треба граници, посебно ако еден партнер се однесува незрело. Јасно искажете ги своите очекувања, што нема да толерирате и последиците за преминување на границата.
7. Не го казнувајте. Внимавајте да не ги мешате поставувањето на границите со казнување на вашиот партнер.
Границите служат во смисла на ваша заштита. Од друга страна, казните имаат за цел да ги научите децата на лекција. Кога имате работа со ваков партнер, избегнувајте да го третирате како дете со манипулација и непродуктивни казни. Наместо тоа, фокусирајте се на грижа за себе и заштита на својата енергија.
Leave a Reply