Разводот може да ве скрши или да ве спаси

Ова посебно се однесува на жените, бидејќи се смета дека се тие столб на семејството и заслужни се за одржување на семејните односи и цврстиот брак. Меѓутоа, не се сложуваат сите луѓе со ова мислење. Некои дури сметаат дека жената е паметна што се разведе од својот маж.

1. Бракот кој се случува за подоцна да дојде до развод. Овде првенствено се мисли на младите луѓе кои на некој начин се обидуваат да се спасат од досегашниот живот. Младите девојки одлучуваат да се омажат или за многу постари мажи или врсници, каде заедно всушност бегаат од премногу заштитничките родители. Ова однесување е сосем нормално, додека жената не застане на свои нозе и не стане независна. Понекогаш ќе се случи од таа врска да се создаде љубов, а некогаш доаѓа до развод.

2. Никогаш не е доволно јасно како парот успева да опстане во трауматична врска, па самите себеси си поставуваме прашање каде ни беа очите. Не се работи за тоа дека луѓето не гледаат или не чувствуваат, но токму тие недостатоци ги привлекуваат. Ако девојката пораснала со татко кој пие, многу често ќе пронајде таков маж. Или маж кој навикнал мајката да е строга и заштитник, тогаш и жената треба да биде таква.. Родителското влијание може да трае цел живот, а можно е таа личност да се извлече од своите оквири и да го напушти партнерот.

3. Повеќе жени нема да се разведат бидејќи сметаат дека нема да можат да се снајдат во животот. Исто така, изговор се и децата. Дека треба да се остане во брак, за нив да им биде подобро. Тоа е многу тажна ситуација. Ако вашиот партнер повеќе не сака, разведете се и сочувајте го своето достоинство.

За личноста не можеме да судиме врз основа на тоа дали е омажена или разведена. Тоа не е никакво мерило.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: