Егоистите имаат желба да ги променат другите луѓе- 3 показатели дека егото не управува со вашиот живот

Егото лесно ја превзема контролата над човечкиот мозок и го наведува погрешно и лошо да размислува. Ова се три показатели кои зборуваат дека со вас не управува егото или дека сте успеале да се изборите со него:

1. Вие ги доживувате работите поинаку. Егото го контролира вашиот живот, но штом научите да се опирате на своите импулсивни пориви, вашето его ќе почне да исчезнува. Егото е страствен критичар. А способноста да ги прифаќате идеите на другите луѓе и да ги согледате работите со очите на друга личност бара замолчување на своето его. Штом вашето его почне да исчезнува, станувате посвесни. Помалку ќе зборувате а повеќе ќе слушате. Егото сака бескрајно дрдорење, додека душата сака да слуша.

2. Почнувате да им се доближувате на луѓето. Кога вашето его почнува да исчезнува, вие ги гледате другите луѓе како еднакви на вас. Поминаа деновите кога на се’ гледавте со осуда. Кога егото не управува со вашиот мозок, вие можете да видите посебна единственост во секоја личност.

3. Вашата критика го отстапува местото на прифаќањето. Со луѓето со кои владее нивното его тешко можат да одредат што е правилно, а што погрешно. Егоистите осудуваат се’ што не им годи. Оттаму потекнува нивниот пасивно- агресивен обид да ги натераат другите на промена. И кога на егоистите ќе им укажете што не е во ред во нивниот живот, тие почнуваат да се однесуваат агресивно.

Но, кога ќе го совладате своето его не ве интересира вас како другите луѓе живеат, бидејќи сфаќате дека секој од нив прави се’ што може, врз основа на она што има.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading