Важни работи кои не треба да му ги кажете на оној кој минува низ тежок период

Кога некој минува низ развод не можете ниту да замислите каква е состојбата во неговите мисли, освен ако не поминавте низ слична ситуација. Последната работа која треба да ја направите во таква ситуација е да и’ кажете нешто погрешно на таа личност. Ако сакате да и’ дадете утеха, тогаш обрнете внимание да не зборувате за следниве работи:

1. ‘Знаев дека тоа нема да трае.’ Најмалку што и’ треба на таа личност во тој момент е да го потенцирате промашувањето на бракот. Да се изговори оваа реченица значи -сметате дека личноста е глупа или дека имала лоши одлуки. Па дури и да е така, во овој момент е непотребно.

2. ‘Што ти е гајле, ионака беше лош/лоша’. Дури и ако личноста не покажува тага додека минува низ својот развод- сигурно не и’ е лесно. Не зборувајте лошо за бившите и не се обидувајте да се насмеете со личноста со која разговарате на погрешен начин.

3. ‘Ти никогаш не знаеш да направиш добра работа’. Бидете тука да ја сослушате личноста, но без осуда. Најдобрата работа која можете да ја направите за некој кој минува низ развод е секогаш да му бидете достапни како вистински пријател.

4. ‘Ќе најдеш некој друг.’ Личноста која е скршена после разводот не сака и не може да размислува за нова љубов додека страда поради изгубената љубов. Не се обидувајте да форсирате, да започнувате нови врски ако за тоа не сте подготвени.

5. ‘Не се трудеше доволно’. Во моментите кога личноста тагува поради развод најмалку што треба е да слуша како е вновна за тоа. Не ја потсетувајте за нејзините грешки туку охрабрете ја да сфати дека направи најдобро што може.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: