Зошто мажот не сака ниту да ве запроси, ниту да ве остави?

Дали сте заглавени во врска во која мажот не сака ниту да ве запроси, ниту да ве остави? Се чини како да им е вродена мана. Често се случува мажите да се плашат од брак и заеднички живот, но ако ве сакаат како што велат, зошто тогаш се плашат?

1. Жената е прекрасна, но тој сака да разгледа и други опции. Ова е еден од најчестите причини зошто мажите не сакаат да се ‘смират’. Едноставно не се сигурни дали нивната партнерка е вистински избор или сакаат да истражат и други опции.

2. Жената е прекрасна, но во одредени аспекти. Мажите сакаат полн пакет и ако тоа не го добијат од една жена, веројатно ќе се прашуваат дали постои жена која ќе има се’? На пример, можеби ќе останат во врска во која одлично комуницираат со партнерката, но ќе им смета недостаток на авантура која не ја гледаат со неа. Можеби добро ќе се сложуваат во спалната соба, но во се’ друго ќе недостасува поврзаност.

3. Неодлучност. Постојат мажи кои пронашле добра жена за кои се сигурни дека не е ‘совршена’ но сепак не сакаат да ја остават. Тие често сметаат дека ако испуштат добра прилика можеби никогаш нема да најдат подобра.

4. Досадно им е. Некои мажи навистина во врска се од досада. Тие не можат да пронајдат никој кој им одговара како жената со која се во врска, но ниту таа им дава многу забава. Со неа е во врска поради разговор, излегувања и дружење.. Но, сепак сеуште не се сигурни за брак.

5. Остануваат од навика. Тука имаат доста влијание догите врски. Во тие врски партнерите се поврзани на подлабоко ниво, спени со минатото, почитувањето, пријателството и се’ низ што поминувате заедно. Но, страста која постоела на почеток ја нема. Во такви врски луѓето се прашуваат дали е тоа минлива работа, дали искрата ќе се врати и поради тоа не се подготвени на понатамошен чекор. Дури кога ќе се уверат дека врската навистина има смисла и има прекрасна иднина тогаш ќе клекнат и ќе ја побараат раката на саканата.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: