Во една работа мажот и жената имаат сличности – двајцата сакаат сигурност и заштита во љубовната врска.
Мажите сакаат да се во врска со жена со која се чувствуваат удобно и заштитено. Значи, треба со сите свои капацитети да го заштитите својот маж. Тоа значи да го заштитите од лоши емоции, непотребни судири и се’ што е лошо што може да ги снајде. Кога ќе успеете да го разбудите чувството на сигурност во мажот бидете сигурни дека го имате за сите времиња. Ако сакате да знаете како тоа да го постигнете -повелете:
1. Покажете дека може да ви верува. А тоа ќе го постигнете така што сите негови тајни и доверливи информации нема да ги пренесувате. Под ова се подразбира да не ги искористувате неговите слабости и стравови против него. Што значи дека не треба да го исмејувате кога ќе влезете во расправија.
2. Покажете дека го слушате. На мажите им е потребна потврда некој да ги слуша. Не гледајте во плафонот, мобилниот или часовникот додека зборува некои свои рабооти, колку и да се досадни за вас. Ако забележи дека не го слушате ќе помисли дека не ве интересира, а тоа никако не е добро.
3. Сакајте поради она што сте. Не го сакате мажот поради сликата на човекот кој го замислувате, туку таков каков што е- со сите мани и доблести. Помогнете му да ги промени своите мани, величајте ги неговите доблести и гледајте како цвета. Така се сака маж.
Leave a Reply