Луѓето кои веруваат дека среќата не е на нивната, страна всушност само не сакаат да превземат одговорност за своите постапки. Толку многу жени ќе кажат: ‘“Но, јас немам среќа да привлечам добар маж’. Што се случува во главата на жената?
Таквите жени се водат по теоријата дека светот е против нив. Среќата е против нив, Универзумот е против нив. Се’ е против нивната среќа, само тие за греота немаат никакво влијание на својот живот. Тоа се жени кои не превземаат одговорност за своите постапки. Кога ќе направат голема и глупа грешка побргу ќе речат – ‘Ме санјде голема несреќа’ отколку да признаат дека се одговорни за сопствените постапки.
Да, секогаш е полесно да се обвинат сите сили на овој свет отколку да се признае дека сме виновни за лоши работи кои ни се случуваат. Не постои таква работа како што е привлекување на несреќа. Постои само согласување и предизвикување на лоши работи и исход.
Значи драги жени, вие не привлекувате лоши мажи туку се согласувате на нив.
Ако сте заглавиле во врска со лош маж и понатаму мачејќи се со него, тука никој друг не е виновен осевен вие. Вие се согласивте на него, веројатно таков и сакавте, а себеси тоа не сакате да си го признаете. Постои голем број на жени за кои добрите мажи се едноставно досадни. Тие сакаат драма, расправии, хаос..
Тоа им е стил на живот. Но, кога веќе се согласивте на тоа, не ги обвинувајте Универзумот поради сопствените постапки. Никој не ви шепна на уво: ‘Прифати го лошиот маж’, тоа сами го направивте. Бидете одговорни да го прифатите тоа.
Се’ што имате во животот- на се’ се согласивте.
Leave a Reply