Грешките се лекции, а не причина за да се срамите

Нашиот живот е непрекинато учење, раст и развој, што значи дека е сосем дозволено и да грешиме, да се сопнуваме и да паѓаме, но и да станеме и да одиме напред.

Не бидете премногу строги и со барања кон себе. Ако во вас се наоѓа самокритичар, тогаш е време да му го одземете правото на глас, за да не ви ја уништи мотивацијата и инспирацијата за следните успеси. Како тоа да се направи? Простете си ги себеси следниве работи:

1. Што не избравте најдобро за себе. Простете си себеси што многу пати направивте погрешен избор. Што им дадовте предност на другите луѓе кога требаше да си дадете предност себеси.

2. Што лажевте. Простете си себеси што моравте да лажете за одредени работи за да се заштитите себе или некој друг. Можеби сега дури и се срамите, но она што е речено не може да биде поништено и банално е да се ‘јадете’ поради тоа.

3. Што дозволивте вашата емоционална траума да ве контролира. Простете си себеси што не се пронајдовте онака како што сакавте и што некогаш се преправавте дека сте она што не сте. Човекот во текот на животот е во потрага за својата вистинска личност и на тој пат често ќе ја искриви сликата за самиот себе, што на сите им се случува.

4. Што се согласивте на помалку. Простете си себеси што простувавте за да бидете задоволни со она што не заслужувате. Поради потценувањето на себеси и толерирање на лошиот став. И тоа мора да се случи во секој живот.

5. Што не знаевте како да ги дефинирате своите граници. Простете си себеси за сите моменти кога се плашевте да кажете ‘не’, кога направивте нешто што навистина не сакавте да направите и за допуштање на другите да ве користат.. Но, сега треба да воспоставите јасни граници во односите со луѓето.

6. Затоа што сте мрзливи. Простете си себеси што пропуштивте прилики и обрнете внимание на она што постигнавте. Совршено сте способни да тргнете понатаму и да станете личност каква што навистина сакате да бидете.

7. Поради игнорирањето на вашиот внатрешен глас. Простете си себеси што ја игнориравте својата интуиција. Заборавете се’ што помина, покажете дека ја научивте лекцијата од своите грешки и дека сте подготвени да продолжите напред без воздржување.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: