Дали е можно неверство преку социјалните мрежи?

Тоа уште се нарекува виртуелно неверство и за жал е многу честа појава. Развојот на технологијата донесе многу погодности, но и проблеми. Социјалните мрежи се добар начин да се поврземе со луѓето кои живеат далеку или со стари пријатели со кои долго се немаме слушнато. Но, исто така е одлично место за запознавање на нови луѓе.

Меѓутоа, проблемот се создава кога зафатени луѓе премногу се изложени на социјалните мрежи па се среќаваат со многу провокативни објави на спротивниот пол со кои ги привлекуваат. Тогаш најчесто започнуваат виртуелните неверства.

Што се подразбира под виртуелно неверство?

Првиот чекор е стапување во контакт со личноста од спротивниот пол која ви се допаѓа. Многумина ќе речат: ‘Ние само зборуваме, нема ништо меѓу нас’, но кога постојат симпатии кон таа личност веќе правите голема грешка. Можеби можете да се излажете себе и другите, но бргу ќе сфатите дека работите се одвиваат како што не треба. Една работа оди кон друга и така се создава проблем.

Вториот чекор е создавање на навика. Кога се допишувате со личност која ви годи, тоа ви преминува во навика и сакате уште. Тоа ‘обично’ допишување преминува во долги ноќни разговори, размена на фоотографии, па на крајот и физички состанок кога тој однос преминува во вистинско неверство. За да го спречите овој проблем, ако сакате да бидете верни на својот партнер не се впуштајте во такви разговори.

Ако почувствувате и малку симпатија кон друга личност најдобро е во старт да ги сечете тие емоции и да не влегувате во таа ‘приказна’. Поради малку забава ќе ги скршете срцата на другите луѓе околу вас, а на крајот и себеси. Затоа бидете внимателни.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: