Не постојат жени кои среќно се омажиле, туку паметни жени кои направиле добар избор

Жената која покрај себе има прекрасен маж и жена која има лош маж се разликуваат во две работи – во интелигенцијата и способноста за донесување на правилни одлуки. Навреда и понижување е ако и’ кажеш на жена дека нашла добра работа или добар маж. Така зборуваат луѓето кои сметаат дека животот е сплет на околности, а не резултат на сопствените одлуки.

Да, сплет на околности се нарекува ‘среќа’ или ‘случајност’ и може да влијае на сечиј живот. Но, нашиот живот се состои 90% од наши одлуки и постапки. Она што сме денес е резултат на нашите одлуки. Колку бевме паметни, колку паметни одлуки носевме- сето тоа денес се гледа. Нема тука многу врска со среќата.

Имате лоша работа? За тоа не ви е виновен системот, ниту образованието, ниту Универзумот- туку само вие. Сами одлучивте какво ќе ви биде образованието, сами се согласивте таа работа да ја работите. Мразејќи ја таа работа, всушност се мразите самите себе, бидејќи сами се донесовте до тоа.

Имате лош партнер? За тоа не е виновен тој партнер, ниту сплетот на околности, ниту времето, ниту судбината- туку само вие. Вие го одбравте. Вие продолжувате и понатаму да бидете со него и се жалите како сте несреќни. Имате опција да го оставите и да бидете трпеливи па да најдете подобар – но вие свесно носите погрешна одлука.

Можеби звучи добро: ‘Ах, таа има среќа во животот. Нема добро образование, но најде убава работа. Не е многу убава и згодна, но најде прекрасен маж’. Таква жена можеби нема прекрасни услови да најде најдобро за себе- но сепак успеа.

Што значи дека со малку трпение, размислување и интелигенција жената може да си обезбеди прекрасен живот, без оглед колку добра подлога за тоа има. Не ја обвинувајте среќата, несреќата или судбината за својот живот. Сами сте одговорни за се’ што ви се случува и самите себе се донесовте до она што сте до сега.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: