Како да се препознае маж кој сака само авантура?

Мажот кој сака само авантура нема да губи време на запознавање. Еве како веднаш да ги препознаете неговите намери:

1. Пораките и разговорите се премногу директни. Без оглед колку долго разговарате, ако мажот има во план само краткотрајна романса со вас, веднаш ќе се ‘фрли на работа’. Таквите мажи немаат волја ниту време да навлегуваат подлабоко во вашиот карактер и живот. Не ги интересира вашата омилена боја или какви цели имате во животот. Него го интересира само да помине интересна ноќ и тоа преку разговор ќе покаже.

2. Местото каде ќе излезете се’ кажува. Ако мажот не е заинтересиран за жената за подолго време веројатно нема да ја носи на јавни места. Тоа го прави затоа што не сака другите да го видат со неа, бидејќи секако планира тоа да го заврши наскоро. Ако забележите дека ве поканува кај него дома или на некои други места каде што ќе бидете сами тоа може да биде црвено светло. За првиот состанок е секогаш најсигурно некое јавно место.

3. Премногу се фали. Мажите кои често ги менуваат партнерките обично за тоа премногу се фалат. За нив тоа е нешто на што се посебно горди и за што отворено зборуваат. Од такви мажи често ќе слушнете какви авантури имале со жените, колку жените ги сакаат и слични ‘приказни’. Маж кој ќе започне да се запознава со вас со фалење, покажува дека сака да ве освои во најкраток можен рок и најверојатно нема долгорочни намери.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading