И мажите сакаат да слушнат комплименти- 5 начини како да ги упатите на вистински начин

Општеството се навикна на жените да им упатува комплименти, но што е со мажите? Па и тие се од крв и месо и нив им е потребно да слушнат пофалба на своја сметка.

Жените уживаат во комплименти, но тие не се наменети само за нив. Ако сакате здрава врска со својот маж, научниците истакнуваат дека е важно да знаете на својот маж да му кажете она што сака да слушне.

Еве неколку убави комплименти со кои можете да ги воодушевите, а без да се навредат.

1. Горда сум на тебе. Комплиментот не значи да се пофали нечиј физички изглед. Тоа значи да се пофали и некоја карактерна особина. Кога на мажот ќе му кажете дека сте горди на него, тој ќе добие ветер во грбот за да биде уште подобар кон вас.

2. Ми се допаѓа како работиш некои работи. Пофалете го во она што прави најдобро. На пример ако добро се снаоѓа во возење, ако знае да поправи нешто или слично.

3. Со тебе прекрасно се чувствувам. Покажете му на својот маж дека го цените времето поминато со него и дека во него уживате.

4. Изгледаш прекрасно во таа кошула/ со таа боја. Многу мажи се чувствуваат чудно кога ќе им кажете директно: ‘Колку си убав’. Иако тоа не е погрешен комплимент можеби е подобро да пофалите нешто на него.

5. Покрај тебе се чувствувам сигурно. Ова е доказ дека мажот ја исполнил својата должност, а тоа е дека може да ја заштити својата жена. Ништо не им е подраго од ова да го слушнат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: