Работите никогаш нема да бидат исти, но зарем мора да бидат?

Понекогаш имаме голем отпор кон промена, завршување на некои односи или работи, бидејќи секоја станица на телото се плаши од непознато. И често ја поврзуваме со загуба, со завршување и одвојување од некои идеи со кои се сраснавме, па не си дозволуваме да препознаеме како нешто нови не мора да биде и нужно лошо.

Завршувањето на едно поглавје мене отсекогаш ми носи нови, убави приказни, па колку и да е страшно за момент, храбро влегувам во контраст и гледам како се шири ново животно поглавје.

И се прашувам, зошто толку упорно и грчевито се држиме до старото, ако во тоа старото не растеме? Зошто се фаќаме за дефиниции на некој однос, ако истиот ни предизвикува болка и стрес, додека новата дефиниција ни носи олеснување, можеби и потполн пресврт?

Вистина е, работите никогаш нема да бидат исти, но никој не рече дека нема да бидат подобри!

Подобро. Бидејќи краевите за тоа служат. Пред се’ носи олеснување, како онаа тишина која се надвива над улицата после снежното невреме. Ветерот во моментот поминува, снегот ќе се натрупа, па следуваат момент на мир и тишина.

Заробени сред бура не можеме да воздивнеме и да се фатиме за било што, но можеме да си дадеме толку посакувано олеснување.

Благодарна сум за моментите, за гушкањата, емоциите и искуствата. Благодарна што некои луѓе можев да ги сметам за свои, што пораснав во некои гушкања. Што сакав и бев сакана, иако имаше и загуби и разделби. Некои се трајни, бидејќи некои луѓе не се повеќе со мене, некои затоа што повеќе не се чувствувавме добро еден покрај друг.

Се плашев, но сепак поминав низ сето тоа, храбро. Понекогаш одлучно, со високо крената глава, понекогаш со стиснати заби…дури и кога бев свесна дека животот ми е во опасност и дека можеби никогаш нема да се разбуда.

Се плашев, но со тој страв се соочив, бидејќи знаев дека умира нешто старо, нешто што повеќе не сум, нешто што ме правеше заробена и ме сопнуваше, нешто што ме кршеше и болеше.

Затоа знам дека сите се плашиме дека нешто изгубивме, бидејќи се’ што прекинуваме го сметаме за загуба, но што ако тие прекини, од било која сорта се всушност прилика да пораснеме, да станеме подобри, посреќни, поисполнети, да се оствариме?

Што ако, тој моментален крај кој толку многу се обидувате да го избегнете е она најдобро што може во животот да се случи?

Што ако после него следи средба со вистинската личност?

Што ако после него следи прилика за подобра работа, за вистинска соработка, за преселување кое толку многу го чекавте или нови, поискрени пријатели?

Што ако тој крај е токму тоа што Бог го праќа како одговор на сите ваши молитви?

Само запрашајте се ‘што ако’ и препуштете се на менување на животот. Јас се прашав себеси и ме однесе на исклучителни места, во топли прегратки на прекрасни пријатели, во нови пустоловини, во остварување на соништата, во она што најмногу ми годи- среќна.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading