Дали може да се направи нешто ако не му се допаѓате на посакуваниот маж?

Невозвратената љубов не само што боли, туку и многу нервира. Зошто токму таа личност која ни се допаѓа нема да ни возврати љубов?

Дали некогаш можеби ви се чини дека некој е вљубен во вас, но чувството ве прелага? Можеби некогаш ви упати убав комплимент или гушкање, па тоа ви изгледаше како нешто да чувствуваат за вас? Но, подоцна ќе сфатите дека чувствата не се возвратени. Што да направите тогаш.

1. Не го доживувајте тоа лично – кога ќе доживеете одбивање, тогаш прво што помислувате е дека нешто не е во ред со вас. Меѓутоа, воопшто не мора да значи дека проблемот е во вас. Едноставно, можеби во дадениот момент има поважна работа или не сака моментално да биде во врска. Можеби на вашата симпатија му треба подолго време да се вљуби.

2. Вашата вредност не се намалува- ако личноста не сака врска со вас, во тој момент ниту случајно не помислувајте дека вашите вредности се намалени. Секоја жена е неверојатна и единствена на својствен начин. Ако не им се допаѓате, не помислувајте дека треба да се менувате за да се вљубат во вас. Треба да бидете среќни со некој кој ве сака такви какви што сте.

3. Не сакате и вие секој -сигурно се наоѓавте во улога и вие всушност да бидете таа личност која не возвраќа љубов. Се сеќавате дека некој и во вас бил вљубен, но вие едноставно не го сметавте за свој пар. Не се плашете да ги повредите чувствата на другата личност. Чесно е да се биде искрен и да се каже како се чувствувате, отколку да им давате лажна надеж. Ако вие ова го доживеете исто, само сетете се дека искреноста е непроценлива и дека пријателот не сака подоцна уште повеќе да ве повреди.

4. Не можете да го смените нечие гледање на вас, но можете да го промените мислењето. Покажете се во поубаво светло кога сте со таа личност. Бидете љубезни, нежни и драги. Така ќе оставите убав впечаток.

5. Животот не е бајка- колку и да сакате да ви оди се’ по планот, понекогаш животот е тој кој ќе не’ врати чекор нананзад. Сигурно дека ќе бидете скршени. Посветете се себеси, дајте си малку пауза.. Организирајте си го времето, за да имате многу обврски. Излегувајте со пријателите, семејството

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: