Дозволете да ве изгубат луѓето кои не ве заслужуваат

Само изневерените луѓе знаат колку е тешко да се залечи скршено срце и колку е тешко да се излезе од таа состојба. Како велат, времето ги лечи сите рани. Но, за да може процесот да се забрза потребно е да знаете или повторите некои работи:

1. Можете да размислувате за одмазда, но не правете го тоа. Сакаш да се одмаздиш? Сакаш да знае колку те повреди? Тоа е нормално, но не треба да тоа да го правиш. Твојата лутина е привремена. Можеби никогаш нема да му простиш, но ќе живееш и понатаму. Не го прави она поради кое ќе се каеш или за кое подоцна ќе се срамиш. Нема озборувања на социјалните мрежи, нема допишување со неговите пријатели или кршење на автомобил. Бидете над тоа и подоцна ќе си бидете благодарни на себе.

2. Можеби да сте сведок за аферата на својот партнер, но не се одмаздувајте со влегување во друга врска додека се’ не се расчисти. Не мора да останете дома после неверството и да плачете со денови. Опкружете се со позитивни луѓе, излезете и малку дозволете си забава. Одете на состаноци, сетете се дека постојат и други луѓе и дека сте привлечни. Но, не брзајте да започнете нови врски. Прво мора да бидете сигурни дека го преболевте својот бивш партнер.

3. Почнете да спортувате. Во таква ситуација, кога сте повредени, едноставно мора да си го пополнувате времето, а не само да тагувате. Бидете активни – вежбањето е прекрасно за вашиот ум. Освен тоа, убаво ќе изгледате. Да, вашето тело ќе биде во форма!.

4. Фокусирајте се на своето хоби. Во врската жртвуваме многу работи, вклучувајќи го и своето време. Сетете се на се’ што сакавте да направите, но сте немале време. Кога вашиот партнер ве изневеруваше, мислеше на себе, а не на вас. Значи, сега фокусирај се на себе.

5. Не го следете преку социјалните мрежи, ниту секој негов чекор. Така само влегувате во маѓепсаниот круг на незадоволство и болка. Дозволете си себеси да го преболите така што ќе го држите подалеку од очите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: