Жени, не глумете мажи- силни сте и како жени

Жената исполнета со добра енергија е како сонце- преубаво свети и грее се’ околу себе.

На жената и’ е потребно да биде исполнета со добра енергија, бидејќи тогаш се чувствува прекрасно во својата кожа што и другите луѓе во нејзиното опкружување го забележуваат. Кога жената ќе ја изгуби добрата енергија станува незадоволна од се’. Тоа незадоволство обично води до погрешни одлуки, постапки и лоши исходи

1. Успорете. Колку и да имате обврски за завршување, направете го тоа постепено. Постои онаа изрека ‘брзајте пополека’ и тоа навистина е изводливо. Фокусирајте се на своите чувства. Фокусирајте се на секоја работа која ја правите во тој момент. Не размислувајте за следните 10 дена што се’ треба да направите, тоа само ви ја ремети концентрацијата. Обидете се да бидете присутни во сегашниот момент и секогаш најдете барем минута само за себе, кога ќе уживате во нешто што го сакате.

2. Престанете премногу да размислувате. Кога жената премногу анализира, размислува, мери, тогаш станува физички и психички напната и многу бргу се исцрпува. Сфатете дека не можете да имате контрола над се’ што се случува во вашиот живот. Пуштете малку и судбината да повлече карти.

3. Опуштете се кога за тоа имате прилика. Физички и психички. Кога сме опуштени, енергијата тече побргу и полесно. Тогаш сите задачи се решаваат. Опуштена жена се чувствува подобро, прима подобра енергија, има повеќе емпатија и чувство за себе и за другите. Кога сме напнати, го прекинуваме протокот на добрата енергија, нашата перцепција станува собрана во ќоше, почнуваме се’ да контролираме и подложни сме на лоши постапки и реакции.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: