Во секој брак со тек на врме почнуваат да се јавуваат некои проблеми, но кога ќе дојдете до точка да се чувствувате осамено покрај мажот кој го сакате, тоа станува голем проблем.
Во брак сме толку години, се познаваме многу долго, но имам чувство дека станавме потполни странци. Те гледам и повеќе не го гледам човекот кој го сакам и за кој се омажив. Те допирам, ама тие допири повеќе личат на должност отколку на уживање.
Не можам да се сетам кога послеен пат уживавме еден во друг и кога се препуштивме еден на друг во потполност. Имам чувство дека не ме посакуваш и дека не сум ти повеќе важна. Повеќе не разговараме како некогаш, а знаевме да поминуваме часови разговарајќи за се’.
Знаеш дека никогаш не знаев во потполност да ги покажам своите чувства и ти тоа го прифати. Се плашам дека тоа уште повеќе всушност те оддалечи од мене, а тоа беше последното што го посакував. Те сакам со сето мое срце, те молам не ме туркај од себе.
Рече дека ние двајца сме сродни души, зарем тие души не треба да бидат заедно засекогаш? Во брак сум со тебе, но се чувствувам осамено. Чувствувам дека ја изгубив твојата љубов. Не сакам да бидеме странци.
Сакам повторно да бидеме партнери, љубовници и најдобри пријатели. Ме боли кога ќе дојдеш дома, ќе ми кажеш здраво и легнуваш на креветот со телефонот во рака.. Ме боли што не те интересира како ми помина денот, што не те интересира како сум и како се чувствувам.
Не само што повеќе не разговараме, повеќе и не се смееме како некогаш. Дури и не се расправаме. Те сакам и не можам да дозволам да се распадне она кое го градевме со години. Сакам да бидеме среќни, сакам да уживаме во животот ние двајца сега кога имаме причина за тоа.
Не сакам да бидам осамена, ми недостасуваш и ми треба твојата љубов.
Кажи ми каде погрешив, кажи ми како тоа да го поправам. Ќе направам се’ повторно да ја почувствувам твојата нежност и топлина. Запомни дека моето срце ти припаѓа само тебе и тоа ќе биде само твое.
Емилија С.
Leave a Reply