Паметните жени не крадат туѓи мажи !

Паметните жени се истакнуваат по својата снаодливост, мудрост и способност да се изборат за себе.

1. Не молат никој. Паметната жена е свесна дека не може секогаш се’ сама да направи и прифаќа помош и поддршка од другите, но никогаш нема да ги моли оние кои не сакаат да помогнат. Паметните жени знаат да го проценат човекот и знаат кој е подготвен да помогне, а кој не е. И никој за ништо не молат.

2. Не им ги крадат мажите на другите жени. Во христијанството постои правило: ‘Не посакувај ништо што е туѓо’. И тоа е нешто што треба да се почитува. Колку и да им се допаѓаат некои мажи, ако е зафатен го набљудуваат како забранета работа.

3. Не барајте потврда на другите луѓе. Многу несигурни жени вложуваат многу пари и труд за да изгледаат добро и да им се допаднат на другите. Нив им треба потврда од другите луѓе за да се чувствуваат вредно. Додека стабилни и паметни жени не зависат од тоа што другите мислат и нивното расположение не зависи од тоа.

4. Не го гаснете туѓото светло за да престане да се истакнува. Ако си една од жените која мора другите да ги понижи за да се издигне себеси е многу валкано. Знаете како велат, секој може да биде крал во мало село, но не може да биде крал во голем град. Ако веќе сакате да се истакните, потрудете се да имате со што да се истакнете.

5. Не ја барајте својата вредност во партнерот. Паметните жени не живеат за врска. Тие имаат совршено изграден живот преполн со интересни настани и хоби во кои и сами уживаат. Не им треба маж, врска или брак за да им покажат на другите колку вредат. Тие знаат дека тоа е само бонус.

6. Не се преправаат дека нешто сакаат, кога не им се допаѓа. Не глумат дека се среќни кога не се и не ги кријат своите емоции за да им се допаднат на другите.

7. Не се откажуваат од своите цели поради другите луѓе. Памените жени својата добробит ја ставаат на прво место и не се воздржуваат храбро да трчаат кон нив. Нивните цели им даваат идентитет и покажуваат колку се подготвени да се борат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: