Нема среќа без одредена доза на самопочит. За жал, премногу жени се убедени дека својата среќа не треба да ја ставаат на прво место. Премногу жени се жртвуваат за ништо. Многу од нив мислат дека прават добро дело, но всушност не прават ништо. Мајките се жртвуваат за своите деца, сопругите за своите мажи, децата за своите родители…Постојат разни врсти на жртви, а многу од нас и не забележуваат дека се случуваат токму под нивниот покрив.
Кој на жените им рече дека се создадени да бидат пожртвувани? Да плачат, да се жалат, да живеат несреќно..и се’ заради некоја туѓа среќа.
Човекот е создаден да живее добро, а не да толерира нечии глупости. Под тоа ‘човек’ најмногу мислиме на жените, бидејќи тие најмногу се жртвуваат.
Некој им ставил во главата верување дека нивната среќа не е важна колку што е важна среќата на нивните деца и семејството. Сечија среќа е важна! И луд е оној кој зборува дека својата среќа не треба да се стави на прво место. Секој треба својата среќа да ја стави на прво место.
Често ќе слушнете приказна дека жената останува со години во брак со човек кој го мрази. Таа ќе признае дека имаат лош и несреќен живот и без нејзината жртва се’ ќе пропадне. Меѓутоа, вистината е дека таквите жени се борат против ветерници.
Ја жртвуваат својата среќа поради заедница која одамна пропадна. Тоа е како одново и одново да ги крпите старите чорапи, но при првото облекување тие повторно се кинат. Наместо едноставно да ги фрлите и да ги замените за нови, вие и понатаму се одлучувате да ги крпите.
Не можете вечно да се запоставувате себеси. Не можете вечно другите да ги ставите на прво место. Не можете вечно да создавате лажна слика за својот живот и своето семејство. Не можете вечно да криете туѓите лоши особини и да ги правдате туѓите постапки. Не можете вечно да бидете жртва- време е да почнете да живеете добро!
Leave a Reply