Многу жени се премногу строги па прашањето на својот изглед и премногу обрнуваат внимание на ‘маните’ кои обично и не се мани.
Она што на жените не им е сфатливо е дека токму тие работи ги смеатаат за ‘мани’ а мажите воопшто не ги забележуваат. А и ако заблежат, не им сметаат до таа мера како жените што си замислуваат.
1. Жената треба да е слаба и витка. Постои мислење дека витките жени се сметаат за најатрактивни кај мажите. А ние, усовршувајќи го овој комплекс кај себе, почнуваме да се исцрпуваме со диети и вежби, во намера да бидеме општо прифатени. А совршениот изглед е далеку од пропорциите 90-60-90. Постојат жени кои ги исполнуваат сите услови за совршен изглед на телото, но сепак не се толку привлечни. А постојат ‘полнички’ жени кои отстапуваат од стандардните мерки, но ги воодушевуваат мажите.
2. Целулит. На мажите целулитот не им е ниту половина од важноста на жените. Додека жените го сметаат за свој најголем непријател, мажите го прифаќаат и не им даваат толкаво значење.
3. Стрии. Исто како со целулитот. Зошто да се срамите за нешто што е сосем природно?
4. Уши. Ако се големи, клемпави или чудни, меѓу најчестите комплекси на многу луѓе, што се однесува на жените, мажите воопшто не обрнуваат внимание на нив. Многу жени се трудат да ги сокријат на различни начини, но подоцна ќе сфатат дека нивниот маж ги прифаќа какви што се.
5. Стомак. Вишокот на килограми на пределот на стомакот не е работа поради која треба да се мразите себеси. Многу мажи во различни истражувања изјавија дека стомакот кај жените воопшто не им смета. Уште повеќе, некои мажи изјавија дека повеќе го сакаат стомачето кај жените, отколку стомачни мускули како кај мажите.
Она што мажите ќе забележат кај жените е негуван изглед, убаво однесување, негувана и уредна коса итн.
Потрудете се да го негувате својот изглед и да го одржувате своето тело во добра форма. И пуштете природата да направи она што со векови го прави. Пуштете го своето тело какво што е, ќе бидете посреќни.
Leave a Reply