Во љубовта се најважни компромис и прилагодување. Поради тоа тврдоглавите мудреци често ќе се најдат во токсични врски кои никаде не водат.
Потребата да се биде секогаш во право се сведува на потребата за контрола. Кога се обидуваме да ги контролираме другите луѓе, тогаш не си дозволуваме себеси да ја прифатиме стварноста и она што навистина ни се случува.. Не може се’ да биде по ваше и никогаш не може да биде. Колку и да се трудите.
Не сте попаметни од другите, не сте посилни, не сте поважни… и не се однесувајте така! Во љубовта двајцата партнери мора да бидат еднакви без оглед колку во таа врска секој од нив носи. Без оглед на дипломата, статусот, финансиската сосотојба, нивото во кариерата- во вашиот дом вие и вашиот партнер сте еднакви.
Не се обидувајте да ја докажете својата доминантност, својата интелигенција и величината преку убедување и расправии. Паметниот човек го искажува својот став и го почитува туѓиот. На другата личност е дали ќе го прифати вашиот став или не, вие секако немате право некого да убедувате во нешто.
Паметните луѓе знаат дека во стабилна врска постојат две опции-или да бидете среќни или да бидете во право. А паметен човек секогаш пред се’ ќе избере да биде среќен. Зошто тогаш убедување и докажување? Зошто толкава потреба вашето мислење да биде уважено?
Можеби затоа што ниту вие самите не се почитувате себеси, па очекувате тоа другите да го прават? Или можеби сте нарцис, па ја гледате искривената слика од својот лик, многу подобра отколку што можеби сте! Во секој случај мора да сфатите дека по ништо не сте подобри од својот партнер, без оглед кои сте.
Leave a Reply