Можеби не гледаш сега, но болката ќе те научи на важни лекции

Во текот на својот животен пат, поминуваме низ многу ‘слатки и горки’ искуства. Но, со секое искуство доаѓаат одредени лекции. Звучи како парадокс, но што е поболно искуството, поубава е поуката и растот, а вие станувате посилни.

Животот е фер во смисла дека е неправеден кон сите подеднакво, дури и кога ви се чини дека не е така. Најважните лекции доаѓаат од неверојатни ситуации. Присилени сме да ја почувствуваме болката и острината на стварноста.

Животот често не’ става на сред пат и очекува да преживееме најлоши бури. Но, како ќе бидат тие вредни лекции ако не се најдеме во такви ситуации?

Да, можеме со задоволство да уживаме во топлината и безбрижноста на својот дом и тогаш може да ни се јави извесно сознание и сфаќаме дека е тоа голема животна лекција. Но , дали и таа лекција ќе биде толку голема во споредба со лекцијата која ја добиваме кога сме соочени со сите тешки изгледи?

Дури кога ќе излеземе како победници од најлошите битки, ќе ги научиме лекциите кои го градат и го дефинираат нашиот карактер. Мислевте дека нема да успеете, но сепак излеговте како победник. Мислевте дека е премногу и дека овој пат ќе се откажете. Но успеавте.

Можеби ѕидови се срушија околу вас, можеби почувствувавте пустош во вас. На крајот, токму тоа лудило боли и не’ челичи и не’ прави посилни.

Не зборуваме за физичка болка. Туку емоционална преку која најмногу растеме. Таа болка може да биде предизвикана од внатрешното чувство и од оние кои ве опкружуваат. Физичката болка може да биде интензивна кратко време, но емоционалната трае многу подолго. Така останува се’ додека не ја научиме лекцијата од неа. Болката всушност не исчезнува, ние само учиме како да ја канализираме во позитивна енергија. Учиме да бидеме посилни од болката.

Можеме да продолжиме да се гушиме од болка или да одлучиме да ја научиме лекцијата. Мудриот човек ќе се обиде да научи, да бара смисла во сите случувања.

Затоа ако поминувате низ болен период токму сега, запрашајте се што можете да научите од сето тоа, замислете каква ќе биде вашата ситуација кога сето ова ќе се заврши, како вие ќе се трансформирате.

Оваа лекција заедно со многу други, ќе ве води во следните потфати. Можеби тоа нема да биде утре, можеби ќе биде следниот месец. Но, еден ден ќе ја сфатите неговата важност.

Без оглед колку вашиот живот може да биде болен, сетете се дека после болката ве чека раст, големо искуство и големо олеснување. Растете низ својата болка и достигнете го својот вистински потенцијал.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: