Често мажите своите мисли ги задржуваат за себе- на некои прaшања ретко одговараат искрено

Дали ви се случило некогаш на својот маж да му поставите некое прашање, но имате чувство дека не ви даде искрен одговор?

Тоа е затоа што мажите на некои прашања речиси никогаш не одговараат искрено. Тие често своето мислење ќе го задржат за себе, а вас ви даваат одговор кој сакате да го слушнете. Многу од нив тоа го прават за да ги заштитат вашите чувства, додека другите едноставно се навикнале да лажат и да не бидат искрени.

1. За што расмислуваш? Многу мажи на ова прашање ќе одговорат: ‘За ништо’. Многумина тоа ќе го кажат затоа што не размислуваат за ништо во тој момент, додека некои други размислуваат за нешто кое нема да ви се допадне сигурно.

2. Каде беше? Некои мажи на ова прашање не лажат намерно, туку рефлексно одговараат.

3. Како ти помина денот? Многумина ќе одговорат само ‘добро’, бидејќи им е мачно да ви одговорат каде беа и што правеа тој ден.

4. Дали изгледам дебело во овој фустан? Најчест одговор е: ‘Секако дека не, изгледаш супер’. Иако е ова можеби најголема лага, тоа всушност и сакавте да го слушнете.

5. Дали забележуваш нешто ново? Мажите ќе ви одговорат потврдно на ова прашање иако не знаат за што се работи, па мудро ќе испитуваат за да сфатат што е во прашање. Мажите не обрнуваат внимание на деталите како жените, па затоа мора јасно да им кажете ако сакате негово мислење.

6. Колку девојки си имал до сега? Ниту еден маж нема да ви го каже точниот број.

7. Знаеш ли кој ден е денес? Единствено што тој со сигурност ќе знае е дека денес е петок или среда. Мажите не памтат датуми добор како жените, па ќе им треба време да сфатат за што се работи.

8. Како ти се допаѓа мојата нова торба? Веројатно ќе ви каже дека му се допаѓа иако му е баш гајле дали носите ваква или таква торба.

9. Дали ме слушаш? Најчест одговор е ДА, иако повеќето мажи често воопшто не слушаат што им зборува жената.

10. Дали ти се допаѓа онаа девојка? ‘Секако дека не’ – ова е најголемата лага. Да не му се допаѓа, сигурно нема да погледне во неа, но не сака да започнува расправија со вас па ќе каже дека не му се допаѓа и дека случајно ја погледнал.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: