Aко вратата не ви се отвора, можеби тоа не е вашиот пат

Ако вртата не се отвора, тоа едноставно значи дека таа не е вистинската и дека тоа не е вистинскиот пат за вас. Меѓутоа, понекогаш вложуваме многу време и труд во барање на клучеви за кои дури и нема врата. Бидејќи постојат невозможни судбини, луѓе кои не одговараат на вашите брави и патеки по кои е подобро да не се оди.

Иако е точно дека никој од нас не ја погодува својата судбина веднаш, мора да се каже дека исто така не е погрешно од време на време да се изгубиме. Неопходно е да се отворат и вратите кои за бргу ќе се затворат за да стекнеме искуство, за да знаеме што е добро, а што не, без страв, но со рамнотежа и адекватен став.

Психолозите и социолозите долго се прашуваа што ги наведува луѓето да изберат одреден пат, а не некој друг. Вообичаено е да се каже дека нашите избори не’ дефинираат, но во стварноста многу од овие механизми кои не’ туркаат во одреден правец, ние понатаму не сме свесни за нив.

Секогаш се вели кога една врата е затворена, таа сепак може да се отвори. Исто така често слушаме дека среќата е како пеперутка: ако ја бркаме, таа бега, а ако останеме мирни, ќе застане на нас. Ако се придржуваме на овие принципи, ќе дојдеме до заклучок дека среќата и приликите се случуваат сами и речиси магично.

Кога вратата ќе се затвори, често поминуваме многу време жалејќи се на она што се случило. Никој не реагира доволно бргу за да види дека има друг излез кој ги има најдобрите избори, најдобриот пат.

Можеби во некој момент во нашиот животен циклус нема да направиме најдобар избор или дури е можно дека некој друг ќе биде само на одредено време, доволно е да поверуваме дека тоа ќе биде наша конечна судбина. Меѓутоа, тоа не е случај и кога вратата ќе ни се затвори пред носот, останува празнина и нашата тага. Можеби тоа е врска, работа или пријателство кое не заврши добро.

Кога веќе знаеме дека овој ‘излез во случај на нужда’ не се отвора веднаш, нудејќи ни нов пат кон ‘вистинската среќа’, вреди да се размисли… за да се сфати дека животот е лавиринт кој треба да се помине.

Ниту еден пат избран на вашето искуствено патување не е залуден. Ниту покајувањето што го преминавте прагот на некоја вратата, бидејќи треба да го прифатите како добро учење. Секоја лузна и секоја затворена патека претставува повик да се почне одново.

Мора да сфатиме дека кога нешто ќе се заврши, среќата не ‘почнува од почеток’ сама од себе. Неопходно е да се надмине времето во кое повторно ќе се изградиме, ќе се поврземе со себе и правилно ќе ја затвориме вратата.

Исто така треба да се сфати дека не постои ‘идеален’ пат, ниту една врата го нема клучот на трајната среќа или решение на сите ваши проблеми. Самото патување ни дава одговори, а радостите доаѓаат и проаѓаат. Единствено ни треба да бидеме достапни и пред се’ храбри за да ги преминеме сите прекрасни прагови кои допрва треба да се откријат.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/porta-non-apre-non-strada/

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: