Дали некогаш сте свесни со кој тон зборувате со својот маж и дека тој ваш тон има премногу сарказам? Токму тој сарказам е она што мажите ги одбива од вас.
Многу често на жените им се чини дека мажите се потполно тупи суштества, дека жените се секогаш најпаметни и мажите не можат без нив. Понекогаш на жените им се чини дека мажите се потполно неприлагодени за живот, односно дека мора да им се каже што да облечат, што да купат и слично.
Многу е важно да се работи на усовршување на вербалната комуникација помеѓу мажот и жената. Задолжително обрнете внимание на времето кога планирате нешто да му соопштите на партнерот. Посебно не за идните планови, кога тој има важен натпревар за гледање на ТВ. Нема да ве слуша сигурно, туку ќе стекне впечаток дека не го почитувате неговото време. После тоа вие ќе бидете навредени и нема да бидете свесни дека вие згрешивте. Или на пример, кога партнерот ќе дојде уморен од работа и сака да се одмори барем половина час во дневната соба, а вие се лутите бидејќи тој не сака да ги слушне вашите интересни приказни од продавницата.
Ако веќе неколку месеци или години живеете со партнерот, треба веќе да го чувствувате неговото расположение. Ако веќе сакате нешто да кажете, прашајте го дали има време, ако одговори дека нема, не се лутете. Мажите се често многу незадоволни од начинот како жените им соопштуваат, односно должината на нивниот говор. Ако нешто праша, тоја сака јасен и конкретен одговор, а не за тоа да му зборувате со часови. Меѓутоа, жените обожаваат за се да образложуваат. Уживаат во приликата на мажот нешто да им кажат. Ако нешто сакате од мажот, кажете му конкретно.
Многу е важно со својот партнер да разговарате со јазикот на барање и убедување. Тие се среќни кога ќе ги убедите во нешто. А најодговорно прифаќаат барања. За да поминете без беспотребни расправии, замолете го нешто на убав начин да направи, а не веднаш да наредувате и да глумите строгост пред него. Таа дрскост во женскиот глас, мажите ги тера на инает. Ако на мажот му поставувате ултиматум, тоа нема доборо да заврши.
Исто така мажите за многу работи не мислат исто со жените. Нив им се крајно бесмислени прашањата: За што размислуваш? Како се чувствуваш?. На овие прашања одговараат тотално незаинтересирано, а жените лудат.
Поради тоа, не треба такви прашања да се поставуваат. Не ги носете мажите во незгодна емоционална ситуација. Обидете се да поставите нормална комуникација помеѓу вас и мажот. Со својот пример можете да им помогнете на другите од своето опкружување.
Leave a Reply