Предавството може да биде простено, но никогаш навистина заборавено. Дури и ако мислите дека преминавте преку тоа, тоа внимателно чека во вашата потсвест да ве потсети што од таа личност сте дочекале.
Најблиските луѓе понекогаш ни задаваат најголема болка…Најблиските кога ќе те предадат тоа е најлошо предавство која можете да го доживеете. Бидејќи тие имаа клуч од вашето срце, имаа пристап кога и да посакаа, имаа ваша доверба…И сето тоа го искористија против вас.
Ремарк еднаш рече дека најголема омраза се јавува кон оние кои ја допреа вашата душа, а потоа плукнаа на неа. Овие луѓе треба засекогаш да бидат избришани од вашиот живот.
Но, кога се во прашање членови од семејството или сопружници тоа е тешко да се промени. Некој ќе каже- на луѓето треба да им се прости, создадени се од недостатоци, не знаат што прават. Предавството не е показател на нивниот став кон вас, тоа е показател на нивната ментална слабост.
Тоа значи ако се ментално слаби дека се склони кон предавство? Тогаш зошто да им се прости? Простувањето на предавството може да биде залуден обид работите да ги направите подобри. Колку пати и да простите, никогаш нема да заборавите. И секогаш ќе ве мачи самиот чин на предавство.
Ако сопружникот ве изневери, ако најдобриот пријател ве предаде, ако родителот ве понизи… Ќе можете да простите, но секогаш, можеби потсвесно ќе ги гледате преку тоа предавство.
Leave a Reply